Англискиот напаѓач, Хари Кејн уште некое време ќе чека на трофеј бидејќи неговата Англија не успеа да слави против Шпанија во финалето.
Шпанија ја совлада Англија со 2:1 и дојде до шампионскиот пехар и по четврти пат стана шампион на Европа. Кејн не беше на нивото, а како играше најдобро говори ситуацијата во 61. минута кога Саутгејт го замени со Воктинс.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За помалку од пола месец англискиот напаѓач ќе наполни 31 година и со оглед на тоа дека се работи врвен голгетер е предолг период.
Во слична ситуација Кејн беше и во 2021 година беа поразени од Италија. Сепак, Кејн ќе има нова прилика за трофеј и со Англија бидејќи би требало да биде во составот на репрезентацијата за Светското првенство во 2026 и Европското во 2028.