Дома Фудбал Италија Ќе ги откаже ли Ковид-19 Галијани и Берлускони од проектот „Монца 2021“ – Серија А и натпревар со Милан на „Сан Сиро“?

Ќе ги откаже ли Ковид-19 Галијани и Берлускони од проектот „Монца 2021“ – Серија А и натпревар со Милан на „Сан Сиро“?

berlusconi galiani

Силвио Берлускони и Адријано Галијани го кренаа поранешниот стабилен второлигаш на нозе, но сега се соочени со нови финансиски предизвици поради пандемијата со коронавирусот.

Изненадувања во спортот секогаш се можни, но сериозен резултат во главно може да биде остварен низ сериозна работа и системски вложувања. Таков е и случајот во Монца која после 19 години се врати во Серија Б, благодарение на тоа што фондот на Берлускони вложи 25 милиони евра во претходните 20 месеци. Легендарниот газда на Милан заедно со својот брат Паоло (претседателот на клубот) и десната рака Адријано Галијани влезе во клубот од историскиот град во Ломбардија уште во септември 2018 година и започна романтичен проект со цел: Серија А 2021 година и натпревар со Милан на „Сан Сиро“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека Галијани со посебен мотив влезе во оваа приказна. Роден е во Монца каде што во 1986 година беше потпретседател, а сега се врати на истото место да ја доврши работата.

„Монца е добар клуб и 100% во сопственост на Финвест групата на Силвио Берлускони и нашата цел е да се пласираме во Серија А во 2021 година. Сакаме да играме со тим кој во главно е составен од млади италијански играчи и игра чист и забавен фудбал. Но и долго време да остане таму. Роден сум во Монца, како дете навивав за овој клуб“, изјави Галијани непосредно по влегувањето во клубот.

Сепак, ситуацијата со коронавирусот ги расипа сериозните амбиции на искусните луѓе во раководството кое ова лето можеа да го искористат за поголеми вложувања. Прво нереално се споменуваше името на Ибрахимовиќ, додека сега има многу повеќе реална приказна со поранешната надеж на Милан, Алберто Палоски.

„Ја блокиравме секоја зделка околу Монца бидејќи не знаеме каква ќе биде сликата во иднина. Се прашувам што ќе пронајдеме во Серија А ако се промовираме во 2021. Се плашам дека приходите од ТВ правата ќе бидат многу помали“, неодамна констатираше Галијани.

Составувањето на респектабилниот тим започна со поставувањето за тренер на Кристијан Броки. Монца минатата сезона ја заврши на 12. позиција со 14 бодови помалку од првопласираниот тим во Серија Ц, па беше јасно дека Галијани ќе го реновира тимот, доведе 16 играчи пред се од повисоките рангови.

Тимот се засили со играчи како: Еугенијо Ламана, Филипо Скаља, Џузепе Белуши, Франко Лапоре, Никола Ригони, Матија Финото и Марко Армелино, со поранешните „миланисти“ Габриеле Палета и Марко Фосати. На позајмица се најдоа и талентираните играчи Џани Мота и Хозе Мачин. Од старите играчи на Монца преживеаа само капитенот Андреа Дерико, играчот за врска Џорџо Гали и голманот Даниеле Сомарива. Јасно е дека тоа е екипа која без проблем би играла во Серија Б, а не да биде лидер во Серија Ц.

Football – International Friendly , Italy U21 v England U21 , 14/11/00 Stadio Brianteo – Monza – General View Mandatory Credit:Action Images

„Целта е да ја видиме Момца како игра на „Сан Сиро против Милан. Животот го должам на Берлускони и Галијани. Берлускони ме бара пред натпреварите сака да знае каква е ситуацијата во тимот и знае како да ги пронајде вистинските зборови“, откри во една прилика Броки.

Ќе видиме како оваа ситуација ќе влијае на амбициите на Берлускони и Галијани за кои ова веројатно е последен поголем проект во фудбалот, со оглед на тоа дека Берлускони има 83 години, а Галијани 75. Најавите со Палоски можеби се наајва дека луѓето во Монца ќе го пронајдат вистинскиот пат за создавање на тим кој ќе биде конкурентен за пласман во Серија А наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…