Ватерполо репрезентацијата на Србија со победата над Хрватска од 9:7 се пласираше во финалето на Европското првенство.
Соседскиот судир го обележи неспортскиот потег на хрватскиот ватерполист Лорен Фатовиќ. Тој во втората четвртина намерно со тупаница го удри српскиот капитен Филип Филиповиќ и помина неказнето.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Судиите не го забележаа овој потег, а нешто подоцна Фатовиќ беше исклучен поради прекшок на Чук и заслужено беше испратен надвор од базенот.
Српските медиуми ваквиот потег на хрватскиот ватерполист го означија како скандалозен и куквачки.