Њукасл откако назначи нов тренер сега се спремна за зимска селекција и сериозно засилување на тимот.




Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а така нема да го загрози финансискиот фер-плеј (ФФП).




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На радарот на Њукасл се тројца фудбалери од Серија А и тоа две ѕвезди на Интер, Стефан де Врај и Марсело Брозовиќ, како и голманот на Лацио, Томас Стракоша.




Трансферот на Стракоша ќе биде најлесен за реализација бидејќи тој е втор избор кај Сари и Лацио е спремен да го пушти уште во јануари.




Што се однесува до Де Врај и Брозовиќ тие се едни од најважните фудбалери на Интер и тешко дека „нероаѕурите“ ќе се откажат од нив на средина од сезоната.