![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2022/09/асенсио-800x491-1-1.jpg)
Марко Асенсио влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Реал Мадрид.
Шпанецот има голем избор на клубови кои го сакаа во своите редови, а сега во трката се приклучи и Њукасл.
Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓
Изминатите денови се појавија информации дека најсериозен е интересот на Барселона, која сака да го доведе како слободен агент на лето.
Меѓутоа, многу поголема е веројатноста Асенсио да се пресели во Премиер лигата каде интерес за него покажуваат Арсенал, Ливерпул и Њукасл.
„Чавките“ подолго време го следат Асенсио и наводно се спремни да испратат финансиски најдобра понуда до 26-годишниот Шпанец.