Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажува Њукасл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот Еди Хау сака да доведе уште еден квалитетен играч во Њукасл пред настапот во Лигата на шампионите и е спремен да понуди 100 милиони евра за Кварацхелија.
Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот, но понудата од Њукасл сигурно ќе го натера на размислување.
Самиот Кварцхелија е интригиран од идејата да се пресели во Премиер лигата, а Њукасл му нуди три пати поголема плата од актуелната.