Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал на крајот на оваа сезона изгледа ќе ја напушти Барселона.
Видал во досегашниот дел од сезоната пружи неколку одлични натпревари, но не е тајна дека не е во најдобри односи со челниците на клубот. Чилеанецот често се жалеше дека не игра доволно поради што влезе во конфликт со тренерот Сетиен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради наводно тој одлучил да ја напушти Барса на крајот на оваа сезона, а најмногу се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Интер. Но, „Мундо Депортиво“ денес пишува дека во борбата за неговиот потпис се вклучил уште еден клуб.
Според информациите станува збор за Њукасл кој ќе добие нови богати арапски сопственици и веќе се шпекулира дека тие ќе градат сериозен тим. Една од метите е Видал, а претходно се пишува дека Масимилијано Алегри би можел да биде човекот кој ќе го гради овој проект на англискиот тим.
Видал со Барселона има договор до летото 2021 година, а Каталонците се надеваат дека од неговата продажба ќе може да заработат околу 20 милиони евра.