
Луис Хамилтон на почетокот на годината се најде во центарот на вниманието на јавноста поради шпекулации дека е во врска со познатата актерка Софија Вергара со која излегувал неколку пати. Сепак, се појави информација дека тие веќе не се заедно и е познато причината за нивното разделување.
Таман кога се очекуваше дека Хамилтон малку се смирил и ќе се посвети на Формула 1 и на мисијата да се врати на самиот врв откако премина во Ферари, тој повторно почна да ги полни насловните страници на медиумите низ светот поради новата љубовна романса.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Пред неколку месеци се појавија информации дека Хамилтон е во врска со познатата актерка Софија Вергара, а набргу потоа беа објавени и фотографии како тие заедно го поминуваат времето во Њујорк.
Хамилтон и Вергара имаа неколку јавни излегувања со што дополнително ги засилија приказните за љубовната врска, но изгледа дека тоа не траеше долго.
Англиските медиуми пишуваат дека Хамилтон и Софија веќе не се заедно и дека одлучиле да тргнат по различни патишта откако сфатиле дека не се еден за друг.
„Дејли Мејл“ пишува дека Софија била таа што одлучила да прекине со Луис затоа што ѝ било јасно дека не може да се вклопи во неговиот стил на живот.