Дома Трансфер зона Јунајтед спреми 60 милиони за Нкунку

Јунајтед спреми 60 милиони за Нкунку

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот Французин одигра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Нкунку сезоната ја заврши со 35 постигнати гола и 20 асистенции, а беше избран за најдобар фудбалер во Бундеслигата.

Нкунку ќе биде примарна трансфер цел, но „црвените ѓаволи“ ќе мора да ја победат големата конкуреција.

Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед веќе почнал да работи на трансферот и спрема понуда од 60 милиони фунти за Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…