Дома Топ вести Јунајтед, Сити и Ливерпул во битка за Адама Траоре

Јунајтед, Сити и Ливерпул во битка за Адама Траоре

Манчестер Јунајтед е последниот гигант кој се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.

24-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на Манчестер Сити и Ливерпул.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Клубот од „Олд Трафорд“ го сака Траоре поради неговата поливалентност бидејќи може да игра како крило, но и како централен напаѓач.

Меѓутоа Јунајтед има силна конкуренција за неговиот потпис бидејќи за Траоре силен интерес покажуваат Сити, Ливерпул и Баерн Минхен.

Договорот на Траоре со Волвс истекува после три години, што значи дека неговата цена е многу висока во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…