Манчестер Јунајтед се надева на лето да продаде четворица фудбалери и да инкасира околу 60 милиони фунти, со што ќе го зголеми буџетот за летни трансфери, открива „Метро“.
Играчите кои треба да бидат продадени се Џеси Лингард, Хуан Мата, Диого Далот и Фил Џоунс. На Солскјер му било ветено дека ќе му биде даден буџет од 80 милиони фунти, плус парите од продажба на фудбалери.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Солскјер на лето сака да донесе дефанзивец, играч за врска, десно крило и централен напаѓач.
Лингард е на позајмица во Вест Хем каде игра одлично, па Јунајтед се надева дека ќе може да добие 20 милиони фунти за неговиот потпис.
Слична е ситуацијата за Далот, кој е на позајмица во Милан, а „росонерите“ веќе изразија желба да го откупат неговиот договор.
За Мата интерес покажуваат неколку шпански клубови и Рома, додека за Џонс интерес покажуваат Њукасл и Барнли.