Иднината на Пол Погба повторно е многу актуелна тема, па се погласни се шпекулациите дека Французинот на крајот на сезоната може да ја промени средината.
Реал Мадрид е силно заинтересиран за Погба и веќе имал две средби со неговиот агент Мино Раиола, кој инсистира да го пресели својот пулен на „Сантиаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Манчестер сакаат за иднината на Погба да одлучуваат на крајот од сезоната, сега единствено што е важно за овој клуб е тоа да изборат место во топ 4 и влез во Лигата наа шампионите наредната сезона.
Како и да е Солскјер ќе донесе одлука за Погба веројатно под влијание на Сер Алекс за кого не е тешко да се погоди какво мислење има, а познато е и дека Раиола е еден од двајцата луѓе со кои не се поднесува.
Денешното издание на „Марка“ тврди дека „црвените ѓаволи“ веќе поставиле стартна цена од 150 милиони евра за потписот на Погба. Тоа е сума која „кралевите“ се спремни да ја платат, а Јунајтед добро ќе заработи на трансферот на Французинот.
Изминатите денови се појавија информации дека клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да прифати и трампа во која ќе бидат вклучени Герет Бејл и Тони Крос.
Зидан инсистира на Погба, сака да се ослободи од Бејл, а и Крос изгледа ќе го загуби местото во тимот, па многу е веројатно дека „кралевите“ ќе се согласат на таква размена.