Дома Фудбал Англија Јунајтед објави големи загуби и го собори рекордот за плати во Премиер лигата

Јунајтед објави големи загуби и го собори рекордот за плати во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед денес го објави финансискиот извештај за последното тримесечие, кое забршува во јуни 2022 година.

Според податоците загубите се зголемиле за 23 милиони фунти во однос на претходната година и изнесуваат 115,5 милиони фунти.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вкупните долгови на клубот се зголемени за 22% и сега изнесуваат 514,9 милиони. Со доаѓањето на Роналдо, Варан и Санчо расходите за плати пораснале за 19% и вкупно клубот за плати потрошил 384,2 милиони фунти.

Тоа е највисоката сума издвоена за плати во историјата на Премиер лигата. Претходниот рекорд го држеше Манчестер Сити со вкупна сума за плати од 355 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…