МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД по првите 10 кола од англискиот шампионат има пет победи и пет порази.
Во последниот натпревар беше убедливо поразен од градскиот ривал Сити (0:3), а по тој натпревар ѕвездата на Јунајтед Маркус Рашфорд реши да го прослави својот 26-ти роденден. Ова го налути тренерот на тимот, Ерик тен Хаг.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Јунајтед потфрли на последниот првенствен натпревар. На тој меч имаше повеќе капитени (Касемиро, Виктор Линделоф, Бруно Фернандеш) отколку удари кон голот (два), па многумина беа изненадени од одлуката на Рашфорд да слави.
Сепак, Тен Хег не беше задоволен од потегот на Рашфорд.
“Тоа е неприфатливо. Разговаравме и тој се извини и за нас тука завршува се. Тој е мотивиран да го поправи направеното, тој е целосно со нас. Тој направи грешка, но тоа не значи дека не се вклопува. Секој ден гледам што прави на тренинг…“, изјави Тен Хег.