Пол Погба последниот натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед го одигра уште кон крајот на септевмри кога „црвените ѓаволи“ играа на свој терен против Арсенал.
Французинот потоа се повреди од тогаш не заиграл, а постојано се шпекулира за неговата иднина на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба сакаше уште во летото да си замине од Јунајтед, а според извештаите на англиските медиуми тоа може да се случи во јануари.
Наводно, раководството од „Олд Трафорд“ е подготвено да ги слуша понудите за Французинот, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид.
Евентуалните пари кои ќе ги добијат од трансферот на Погба ќе ги инвестираат на нови засилувања, а најголеми желби се Саул Њигез од Атлетико Мадрид и Дони ван Де Беек од Ајакс.
Покрај двете засилувања во средниот ред, Солскјер е во потрага и по напаѓач, а најголема желнба е Халанд од Салцбург.