Дома Фудбал Англија Јунајтед го бара детето што го доби медалот од Мурињо во Скопје

Јунајтед го бара детето што го доби медалот од Мурињо во Скопје

По завршувањето на натпреварот во Супер купот на УЕФА во Скопје, Мурињо сребрениот медал му го подари на едно дете од трибините, фан на Манчестер Јунајтед.

Имено, Мурињо отиде до трибината со навивачите на Манчестер Јунајтед, и го подари медалот на едно дете во публиката, а набргу потоа, преку официјалната Фејсбук страница на клубот, беше соопштено доколку некој го знае среќниот млад фан, да го контактира клубот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Врвен гест од Жозе, што го подари медалот од УЕФА Супер купот на млад навивач! Дали некој го познава среќниот добитник? Ве молиме контактирајте не“, објавено е на страницата на Манчестер Јунајтед.

„Јас ќе го ставам медалот некаде во мојата куќа, а за тоа дете тој медал ќе вреди како злато. Тоа е нешто што никогаш нема да го заборави“, изјави Мурињо по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Борусија со порака до УЕФА: „Единствено што ви е важно се парите“

Борусија Дортмунд без поголеми проблеми го понижи шкотски Селтик со 7:1 на домашен терен. …