Пол Погба доби привремена суспензија додека не се утврдат резултатите од вториот тест на анти-допинг комисијата на Италија.
Французинот беше позитивен на зголемено ниво на тестостерон по дуелот со Удинезе одигран на 20 август.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Јувентус соопшти дека ги преземала сите потребни чекори за рехабилитација на Французинот и смета дека не прекршиле ниту едно правило како клуб.
Оваа порака значи дека Погба ќе остане без договор доколку и вторите тестови се позитивни, а францускиот репрезентативец исто така би можел да добие четиригодишна суспензија што би значела и крај на неговата професионална кариера.