Торински Јувентус до крајот на сезона би можел да заврши уште еден голем трансфер.
Како што пренесуваат италијанските медиуми Јувентус засега е најблиску до доведување на играчот за врска на Бреша, Сандро Тонали, момчето за кое се интересираат повеќе големи клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ, Ливерпул, Интер и ривалите од Манчестер покажуваат интерес за доведување на 19 годишниот фудбалер, меѓутоа изгледа Јувентус е во предност.
Тонали е голема надеж на италијанскиот фудбал. Станува збор за огромен талент и нема да биде никакво чудо ако заврши во дресот на „старата дама“.
За трансферот на Тонали Јувентус би можел да плати околу 50 милиони евра.