Бразилскиот репрезентативец Габриел Жесус би можел ова лето да го напушти Манчестер Сити и да се пресели во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Јувентус е во потрага по централен напаѓач кој ќе може да биде партнер на Роналдо, а со оглед на потешкотијата да дојдат до потписот на Икарди, „бјанконерите“ се свртија кон други цели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголема желба на тренерот Маурицио Сари е бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, кој не е задоволен од својот статус на „Етихад“.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус веќе ги контактирал неговите агенти, но тешко дека ќе ги убедат „граѓаните“ да го пуштат Бразилецот.