Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран во своите редови да го донесе фудбалерот на Челзи Андреас Кристенсен.
Младиот Кристенсен не е прв избор кај Сари оваа сезона и добива мала минутажа, па „старата дама“ сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус на лето спрема реконструкција на одбраната, Бенатија заминува, Барзаљи ќе оди во пензија, а Киелини е во зрели години. Поради тоа „бјанконерите“ сакаат да ја подмладат одбраната, а Кристенсен важи за еден од најталентираните дефанзивци во Европа.
22 годишниот фудбалер оваа сезона има само 12 настапи во дресот на Челзи од кои само еден во Премиер лигата.
Самиот не е задоволен од статусот во клубот, но Челзи тешко дека ќе се откаже од него и е спремен да ги одбие сите понуди.