На Андреа Пирло не му оди баш најдобро во Јувентус, но веројатно проблемот не е само во него.
„Газета дело Спорт“ пренесува интересни детали, наводно Јувентус започнал преговори да го врати Марчело Липи. Липи е еден од најуспешните тренери во историјата на клубот, а сега би ја извршувал функцијата технички директор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа вест во јавноста ја пласираше новинарката „Фабијани Дела Вале“ која зборуваше за каналот „Каса Јувентус“.
Липи во кариерата со Јувентус освои четири првенства, еден италијански куп, четири суперкупа, една Лига на шампиони, еден интерконтинентален куп и еден европски суперкуп.