Дома Фудбал Легендарниот Липи ја заврши авантурата во Кина!

Легендарниот Липи ја заврши авантурата во Кина!

Легендарниот италијански стратег, Марчело Липи ја напушти селекторската функција во Кина, после елиминацијата во четвртфиналето од Азискиот куп.

Репрезентацијата на Кина беше поразена од Иран со 3:0, што значеше и крај на соработката помеѓу Липи и Кинескиот фудбалски сојуз.

„Овој пораз значеше и дека мојот договор со Кине е завршен. Ми беше чест да го предводам тимот на вака важна држава како што е Кина. Дадов се од себе во овој период за тимот да напредува и да биде што е можно подобар“, изјави Липи.

Марчело Липи во 2006 година стана светски шампион со Италија, а од 2016 година е на кормилото на кинеската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…