Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозен во намерата да го доведе Диего Годин од Атлетико Мадрид.
Наводно раководството на „старата дама“ го контактирало агентот на Уругваецот и веќе постигнале усмен договор, па се очекува наскоро да започнат преговори со Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Годин кажал ДА на понудата од италијанскиот шампион за договор до 2021 година, кога ќе има полни 35 години.
„Бјанконерите“ се блиску до договор со Челзи за трансфер на Даниеле Ругани и во Годин гледаат идеална замена, но Атлетико Мадрид нема да се откаже лесно.
Наводно „јорганџиите“ веднаш реагираше и му понудиле на Годин нов договор со подобри услови.
Сега се е во рацете на Годин, дали ќе ја продолжи соработката со Атлетико или ќе сака да проба ново искуство, во клуб кој цели на освојување на лигата на шампиони.