Навивачите на Јувентус приредија кореографија во пресрет на стартот на мечот против Барселона.
На голем транспарент, фановите на Јувентус го истакнаа ликот на Марио Манџукиќ, кого го нарекоа „војник“ и го ставија пред останатите фудбалери на „Старата дама“ кои останаа во негова сенка на оваа кореографија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
За време на кореографијата, ТВ камерите ја снимија реакцијата на Манџукиќ на клупата за резервни играчи и јасно можеше да се види дека Хрватот беше и повеќе од горд, па и помалку изненаден.
Можеби не е најдобар играч на Јувентус, но Марио Манџукиќ во денешниот фудбале направи од себе синоним за фудбалер кој секогаш го остава срцето на терен. Таквите кај навивачите секогаш ја имаат почитта.

