Дома Фудбал Англија Јувентус купува од Арсенал

Јувентус купува од Арсенал

Торински Јувентус би можел да биде следната дестинација за шпанскиот фудбалер Хектор Белерин.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Старата дама сериозно е заинтересирана за доведување на десниот бек на Арсенал и веќе спремиле понуда од 50 милиони евра за неговите услуги.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Топџиите се спремни да го продадат 23. годишниот дефанзивец. Сепак, бараат повеќе пари, но веројатно нема да биде проблем и договор може да биде постигнат.

Белерин во Арсенал пристигна во 2011. година. Стигна од Барселона, а член на првиот тим на Арсенал стана после две години.

Шпанецот за Арсенал одигра вкупно 151 натпревар и постигна седум погодоци, а покрај Јувентус интерес за неговите услуги покажува и Манчестер Сити.

Сепак, Јувентус за сега е поблиску до него и доколку трансферот се реализира од следната сезона ќе го гледаме во црно-белиот дрес на тимот од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рио Фердинанд: Има денови кога морам да ги поминувам во болница или во инвалидска количка

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, …