Италијанскиот шампион Јувентус спрема размена на фудбалери со Челзи, пренесува денешното издание на „Сан“.
„Старата дама“ е спремна да ги понуди Адриен Рабио и Федерико Бернардески за да ги добие потписите на плејмејкерот Жоржињо и левиот бек Маркос Алонсо.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари одлично ги познава двајцата фудбалери и сака повторно да ги има во својот тим.
Од друга страна Рабио и Бернардески не се вклопуваат во неговата формација и се на излезна врата од клубот.
Челзи е спремен да прифати трампа со Јувентус, но сака да биде вклучен Мирачем Пјаниќ, кој пак преферира трансфер во Барселона.