Дома Трансфер зона Јувентус и ПСЖ го сакаат талентот на Славија Прага

Јувентус и ПСЖ го сакаат талентот на Славија Прага

Талентот на Славија Прага, Абдала Сима го привлече вниманието на европските гиганти.

19-годишниот напаѓач игра фантастична сезона со чешкиот клуб и постигна 15 гола на 22 меча во сите натпреварувања.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Неговите добри партии не останаа незабележани од европските гиганти, а најсилен интерес за Сима покажуваат Јувентус и Пари Сент Жермен.

Двата клуба веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат Сенегалецот на лето во своите редови.

Сима пристигна во Славија Прага во 2020 година и дебитираше во септември, па успеа веднаш да се наметне во првиот тим и да го покаже својот талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…