Дома Фудбал Италија Јувентус и Интер сакаат да го „украдат“ Чалханоглу од Милан

Јувентус и Интер сакаат да го „украдат“ Чалханоглу од Милан

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сака да го „украде“ Хакан Чалханоглу од редовите на Милан.

Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни се далеку од договор.

Ситуацијата будно ја следат Интер и Јувентус кои се спремни да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на лето како слободен агент.

Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио, а доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари, може да биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Водителката Мирослава повторно е хит во Лигата на шампионите (Фото)

Првото коло од Лигата на шампионите, најпознатото клупско фудбалско натпреварување во свет…