Дома Фудбал Италија Јувентус го сака Зидан за генерален директор

Јувентус го сака Зидан за генерален директор

Бившиот тренер на Реал Мадрид Зинедин Зидан моментално е без ангажман, па медиумите често шпекулираат со неговата однина.

Додека британските медиуми на големо го поврзуваат со клупата на Манчестер Јунајтед, во Италија тврдат дека Јувентус му го понудил местото на генерален директор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Откако пред неколку дена на големо изненадување Џузепе Марота го напушти Јувентус, директорското место на „бјанконерите“ остана празно.

Весникот „Тутоспорт“ пренесува дека Зидан е еден од кандидатите заедно со Павел Недвед и Мишел Ува.

Французинот играше за Јувентус од 1996 до 2001 година и не крие дека чувствува поврзаност кон „бјанконерите“.

Сега прашање е дали Зидан сака да продолжи со тренерската кариера, или ќе ја прифати директорската фотеља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

От Атлетико Мадрид сакаат да ги пресечат амбициите на Барселона со нов договор за Хулиан Алварес

Раководството на Атлетико Мадрид вложува сериозни напори да го задржи Хулиан Алварес во ти…