Дома Фудбал Италија Јувентус го претстави Кулушевски: Немам трпение да играм со Роналдо

Јувентус го претстави Кулушевски: Немам трпение да играм со Роналдо

Јувентус денес и официјално го претстави најголемото засилување за новата сезона, Дејан Кулушевски.

Играчот со македонско потекло не ја криеше среќата што ќе игра заедно со Кристиано Роналдо и се надева дека ќе има успешна дебитанска сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кристиано е фантастичен. Тој е многу добар и зборува со сите фудбалери, дури и за работи надвор од фудбалот. Неговите зборови се како „бензин“ за мене, среќен сум да играм со таков фудбалер и се надевам дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Кулушевски.

„Секој ден на тренинзите давам 100% од себе си, мора да бидам спремен во секој момент. Мислам дека можам да допринесам за овој тим. Сакам да се забавувам на теренот, а тоа го бара и тренерот од мене. Пирло е фантастичен и многу ми помага со совети за да ја подобрам мојата игра“, додаде Кулушевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри си најде алиби: Јавно „удри“ по тројца играчи на Јувентус!

Се поверојатно изгледа дека Масилијано Алегри наредната сезона нема да биде тренер на Јуве…