Италијанскиот шампион Јувентус е во пол позиција за потписот на германскиот талент Кај Хаверц, пренесуваат германските медиуми.
Новата ѕвезда на Баер Леверкузен веќе го привлече вниманието на англиските клубови, како и на Баерн Минхен.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, а раководството на „старата дама“ наводно стапило во контакт со неговите агенти и сака да ја победи конкуренцијата.
20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. Тој минатата сезона стана најмладиот играч кој запишал 50 настапин во Бундеслигата.
„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте, но според последните информации Јувентус е на добар пат следното лето да го доведе во Торино.