Тимот на Скопје во вчерашниот бараж беше поразен од Вардар и така не успеа да го повтори минатогодишниот успех со зачувувањето на местото во Првата лига.
По поразот од 0:3 во Кавадарци тимот го напушти тренерот Мирсад Јонуз. Јонуз го презема Скопје на 11 кола пред крајот на првенството и донесе нешто подобри резултати, сепак и покрај тоа тимот не се избори за нова сезона во прволигашкото друштво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Негов претходник на клупата беше Славчо Георгиевски. Засега според најавите Скопје може да го очекува и заминување на неколку фудбалери.