Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер до финалето во НБА лигата откако во конференциското финале го елиминираа Лејкерс со 4:0.
Медиумите по последниот четврти натпревар со Лејкерс го потсетија на неговата легендарна објава од 2011 година „Сака некој на баскет“. На ова тој даде интересен коментар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Денес е тешко да се најде некој за баскет. Посебно во мојот град…Се сеќавам порано кога ќе излезев во пет напладне, почнуваш да играш и ако изгубиш еден натпревар слободно можеш да си одиш дома, бидејќи нема да дојдеш пак на ред.
Сега тешко да најдете шест играчи бидејќи игравме три на три. Од тогаш ништо не се променило – ако не сака да игра баскет, нека ме побара“, се пошегува Србинот.