Синоќа во НБА кошаркарската лига силите ги одмерија Никола Јокиќ и Домантас Сабонис. На крајот, Литванецот имаше причина за славење, бидејќи неговиот Сакраменто го совлада Денвер со 135:106 (32:35, 35:22, 39:29, 29:20).
Српскиот центар беше најефективниот играч во тимот од Колорадо, но тоа е слаба утеха бидејќи тимот од Калифорнија им го нанесе еден од најтешките порази на Нагетс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јокиќ мечот го заврши со 23 поени, осум скока и седум асистенции. На теренот помина речиси 30 минути, а од поле шутираше 9/17 – за три (1/1).
Во победничкиот тим најдобар беше Малик Монк со 23 поени, додека Сабонис забележа „трипл-дабл со 17 поени, 17 скока и 10 асистенции.
Нагетси се четврти во Западот со скор 36-17, додека Сакраменто (30-21) се шести во истата конференција.