Дома Трансфер зона Јовиќ се сели во Премиер лигата

Јовиќ се сели во Премиер лигата

Арсенал и Вест Хем се силно заинтересирана за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ и сакаат да го донесат во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.

Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а лондонските клубови сакаат да ја искористи таквата ситуација.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


23-годишниот Србин откако пристигна во 2019 година запиша само 6 меча како стартер и не е задоволен од својот статус.

Минатата година помина шест месеци на позајмица во Ајнтрахт, а Реал повторно е спремен да го пушти на позајмица, но со право на откуп.

Арсенал наскоро ќе се раздели со Лаказет и во Јовиќ гледа идеална замена, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…