Дома Фудбал Јовиќ не е единствен: Играчот на Барселона ги прекрши правилата – седел во ресторан со 20 луѓе (ФОТО)

Јовиќ не е единствен: Играчот на Барселона ги прекрши правилата – седел во ресторан со 20 луѓе (ФОТО)

Во поголем број европски земји се уште на сила се мерките за заштита поради пандемијата од коронавирусот.

Во Шпанија забрането собирање во групи, но изгледа дека тоа баш и не се почитува. Првиот кој се најде на удар на јавноста беше напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ кој пред неколку дена правеше скара со пријателите и поради тоа веројатно ќе биде казнет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, тој не е единствен кој не го почитувал правилата. Имено, денес шпанските медиуми објавија дека до правилата не се придржувал и играчот на Барселона, десниот бек Нелсон Семедо.

Португалецот минатиот понеделник ги прекрши протоколите на шпанските власти бидејќи се собрал со уште 20 луѓе.

Семедо не го известил ниту клубот па сигурно дека ќе биде казнет. На социјалните мрежи се појави и видео на кое лесно може препознае играчот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…