По подолга пауза, Металург повторно се враќа во натпреварувачки ритам, а наш прв противник е екипата на Војводина, во натпревар од СЕХА-лигата. По повод неделната средба, Металург денеска одржа прес-конференција на која свои коментари имаа тренерот Александар Јовиќ и голманот на Металург Никола Даниловски.

Александар Јовиќ: “Неделниот натпревар јас би го окарактеризирал како дерби на долниот дел на табелата во СЕХА-лигата. По подолга играчка пауза, нѐ чека исклучително тежок натпревар. Екипата на Војводина сега има нов тренер во Касим Каменица, кој добро ја познава нашата екипа. Мислам дека добро ќе се подготват и дека ќе сакаат да ги освојат бодовите во Скопје. Меѓутоа, и ние добро трениравме во изминатиот период и убеден сум дека момците ќе дадат максимум од себе на овој натпревар. Во составот имаме 11 младински репрезентативци и редно е тие да си ја добијат својата шанса и да покажат што знаат. Сега имаме убедливо најмлада екипа во СЕХА-лигата, но јас сум убеден дека и оваа екипа има квалитет и дека младиве играчи имаат потенцијал. Исто така верувам и дека нашиот спонзор Минчо Јорданов ќе најде решение и дека Металург конечно ќе излезе од оваа криза што трае веќе некое време“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Никола Даниловски: “Играме против екипа која се засили и која сега има и нов тренер, Касим Каменица, кој добро нѐ познава од минатата сезона. Сега нашиот тим не е истиот, некои ракометари си заминаа, но верувам дека и сега имаме квалитет“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…