Лука Јовиќ после само една сезона би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Серија А.
Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јовиќ оваа сезона одигра вкупно 24 натпревари и постигна само два гола, и двата во Ла Лига. „Марка“ наведува дека прв во редот заинтересирани за неговите услуги е италијанскиот гигант Милан.
Се очекува Милан да се раздели со Ибрахимовиќ, а прв на листата желби е токму Јовиќ, кој би можел повторно да игра во тандем до Ребиќ.
Последните информации од Апенините се дека Јовиќ веќе му кажал ДА на Милан и „росонерите“ спремиле понуда од 35 милиони евра плус бонуси за Реал Мадрид.
Двата клуба се во исклучително добри односи, па се очекува брзо да најдат заеднички јазик за трансферот.