Дома Топ вести Јасно е која е најболната точка – лето за „ремонт“ на Арсенал

Јасно е која е најболната точка – лето за „ремонт“ на Арсенал

Aрсенал ќе мора да пронајде замена за Арсен Венхер, но исто така ќе мора да направи промени и во играчкиот кадар за наредната сезона.

Одбраната на овој тим дефинитивно е најголемиот проблем. За тоа сведочи и податокот дека Арсенал прими дури 11 погодоци повеќе од сите конкуренти кои се во топ 6.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Доколку на преостантите три натпревари примат уште два погодоци тоа ќе биде најлошата одбрана во историјата на овој славен клуб уште од далечната 1984 година кога примија 60 голови, но тогаш во Премиер лигата се натпреваруваа 22 клуба.

Она што е сигурно е дека Арсенал е сериозно заинтересиран за грчкиот дефанзивец од редовите на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос. Гркот има 29 години и од 2013 година го носи дресот на „милионерите“.

Повредата на Лоран Кошчиелни исто така ќе влијае. Арсенал мора да доведе нов лидер во одбраната бидејќи судејќи според ситуациите Французинот го чека подолга пауза.

Кога ќе се анализира целата ситуација јасно е дека покрај промената на тренерското столче ова лето во Арсенал можеме да очекуваме и големи промени во играчкиот кадар, посебно во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…