Дома Фудбал Репрезентации Ја однесе Словенија во Лига Б и си доби бесплатен бурек до крајот на животот

Ја однесе Словенија во Лига Б и си доби бесплатен бурек до крајот на животот

Maтијаж Кек успеа да ја внесе Словенија во Б лигата одигрувајќи реми со Грција (0:0).

Словенците имаа неуспешни квалификации во кои завршија и зад нас во групата, па останаа без Евро 2021. Сепак, сега покажаа дека имаат поголем потенцијал и успеаа да влезат во Лига Б. За тој успех бурекџилница од Словенија реши да го награди Кек со бесплатен бурек до крајот на неговиот живот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Господине Кек ви благодариме што успеавте да го оживеете нашиот национален тим. Во нашата бурекџилница имате доживотен бесплатен бурек“, стои во објавата.

На клупата на Словенија Кек дојде во 2018 година. Претходно пет години помина во Ријека каде што во 2017 година ја освои шампионската титула со тимот од кој дел беше и репрезентативецот на Македонија, Стефан Ристовски,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …