Ентони одамна не е посакуван меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед. Со заминувањето на холандскиот тренер Ерик тен Хаг и доаѓањето на Португалецот Рубен Аморим, Енони дефинитивно стана вишок во тимот. Тен Хаг и тој поврзаа се во Ајакс, каде што Бразилецот играше одлично и беше еден од носителите на тимот.
Со доаѓањето во Јунајтед, Тен Хаг го повлече Ентони со себе и ја убеди управата да плати огромни 95 милиони евра за него. Очекувањата не ги оправда. Неговата цена на Трансфермаркт се намали и сега вреди 20 милиони евра, колку што вредеше и пред пет години играјќи за бразилскиот Сао Паоло.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Оваа сезона постигна само еден гол и настапи на 12 натпревари, главно влегувајќи од клупата. Откога дојде, во две и пол сезони за играч со неговата цена запиша катастрофални 12 голови и пет асистенции во 94 настапи. Управата на клубот му порача дека на зима може да замине од клубот. Договорот му трае до 2027 година и јасно е дека Јунајтед не мисли повеќе да го плаќа.
Со плата од 200 илјади евра неделно, Ентони е меѓу најплатените членови на соблекувалната и неговото заминување би му дало простор на Аморим за барање други решенија на пазарот. Според пишувањето на неколку англиски медиуми како „Скај Спортс“, постои голем број кандидати за неговиот потпис.
На врвот на листата се шпански Бетис и грчкиот Олимпијакос. Се споменува можност за класичен трансфер и позајмица со право на откуп кој според повеќе извори би изнесувал околу 20 милиони евра. Тоа значи дека Јунајтед би изгубил вртоглави 75 милиони евра на Бразилецот.