Дома Фудбал Јунајтед тоне во уште подлабока криза: Аморим остана без важен фудбалер!

Јунајтед тоне во уште подлабока криза: Аморим остана без важен фудбалер!

Манчестер Јунајтед оваа сезона е во навистина лоша ситуација, која поради повредата на нивниот клучен играч стана уште полоша.

„Црвените ѓаволи“ оваа сезона играат под сите очекувања на своите навивачи, но и на фудбалскиот свет – што најдобро се гледа од позицијата на табелата каде што се наоѓаат на 13. место.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Во последното коло доживеаја ново понижување кога пред својата публика изгубија 2:0 од Кристал Палас и генерално играа многу лошо.

Тој пораз не беше единствената негативност за екипата од Манчестер на овој натпревар. Во 82. минута од натпреварот на тревата се најде Лисандро Мартинез поради повреда.

По укажаната лекарска помош, стручниот штаб реши дека Аргентинецот мора да го напушти теренот и го замени со Матис де Лигт.

Сега се појави веста дека станува збор за една од најтешките повреди кај фудбалерите, односно кинење на вкрстените лигаменти.

Одбранбениот играч роден во Аргентина поради оваа повреда дефинитивно ќе го пропушти остатокот од сезоната, а периодот за опоравување за оваа повреда е од 6 до 10 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не помага ниту ВАР: Поништен чист гол во Премиерлигата (Видео)

Официјално е потврдено дека на српскиот фудбалер Никола Миленковиќ неправедно му беше пони…