Дома Трансфер зона Јунајтед почна преговори со Осимен

Јунајтед почна преговори со Осимен

Манчестер Јунајтед би можел во зимскиот преоден рок да го доведе Виктор Осимен, пренесуваат англиските медиуми.

За Осимен повеќе немаше место во Наполи па се пресели во Галатасарај на позајмица, но јасно е дека Наполи сака што поскоро да го продаде.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Осимен има откупна клаузула која во јануари ќе изнесува 75 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.

Аморим сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок и го посочил Осимен како идеално засилување.

Директорите на Манчестер Јунајтед веќе стапиле во контакт со агентот на Нигериецот, кој е отворен за преселба во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…