Дома Фудбал Јокиќ го предводеше Денвер до победа против Лејкерс

Јокиќ го предводеше Денвер до победа против Лејкерс

Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија ослабените ЛА Лејкерс со 131:126. Прво име на победничкиот тим повторно беше Никола Јокиќ, кој го заврши натпреварот со 28 поени, седум скокови и пет асистенции.

Сите бројки од трите најзначајни статистички категории се под неговите просеци оваа сезона (29.0 поени, 12.9 скокови, 10.4 асистенции).

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во мечот каде за Лејкерс не играа Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, Јокиќ многу време мина на линијата за слободни фрлања. Погоди 12 од 17 обиди.

Целата екипа на Лејкерс направи помалку слободни фрлања од него, само 16. Српскиот центар, инаку трикратен МВП на НБА лигата и истакнат кандидат да стане најкорисниот играч на основниот дел од лигата по четврти пат, на овој натпревар играше 38 минути. Погоди осум од 16 обиди од игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Една лига следната сезона ќе има дури шест екипи во Лигата на шампионите

Познати се финалистите на Лига Европа за сезоната 2024/25. Во полуфиналето немаше изненаду…