
Барселона во последно време игра одлично, а најголемa заслуга за тоа има одличната форма на напаѓачкото трио на каталонскиот тим.
Тешко е да се веруваше дека напаѓачите на Барса ќе имаат ваква сезона. Рафиња беше практично на излезна врата, клубот сакаше да се ослободи од него, но оваа сезона тој блесна и даде голем придонес. За Левандовски се очекуваше дека ќе се “пензионира”, но Јамал, иако зад себе има одлично Европско првенство, не беше очекувано дека ќе има толку големо влијание.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Токму Јамал беше еден од предводниците на Барселона до одличниот резултат во Лигата на шампионите, а сега процени дека неговиот тим е главниот кандидат за освојување на Лигата на шампионите:
„Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите сега кога Ливерпул испадна“, рече Јамал и додаде:
„Не се плашиме од ниту една екипа, ние сме семејство. Не сме истата екипа како минатата година против ПСЖ“, заклучи талентираниот крилен играч на Шпанија.
Барселона ќе игра против Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Лигата на шампионите и ќе биде изразен фаворит.