Машката репрезентација на Македонија во првото коло од групната фаза на Светското првенство одигра реми против силната Унгарија, 27:27, иако можеше да освои два големи бода.
При резултат 26:27 нашата селекција имаше напад во кој Јагуриновски ја загуби топка и во контра на Унгарците примивме гол.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
По натпреварот свој коментар имаше и Јагуриновски.
„Имавме една замисла за последниот напад, во која малку се искомплицираа работите. Јас можеби го направив тој потег кој беше клучен да ја загубиме топката и жалам за тоа, но одиме понатаму“, изјави Јагуриновски.
Следен предизвик за репрезентацијата на Македонија ќе биде дуелот со Холандија на 17 јануари.