Дефанзивецот на Реал Мадрид и шпански репрезентативец Дани Карвахал призна дека еден ден сака да заигра во Премиер лигата.
Карвахал потекнува од школата на Реал Мадрид, но има искуство во Бундеслигата каде помина едно година на позајмица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После враќањето на „Сантиаго Бернабеу“ се наметна како еден од клучните фудбалери на Реал Мадрид, но сепак призна дека размислува за кариера во Англија.
„Да, размислувам за нов предизвик. Сакам да играм во Премиер лигата. Тоа е доживување кое навистина сакам да го искусам. Но, од друга страна сакам да ја поминам целата кариера во Реал, што би било фантастично“, изјави Карвахал.
„Вистина е дека во Катар и Кина се заработува многу, не треба да се лажеме. Но јас би сакал да се пробам во Премиер лигата“, додаде Шпанецот.
Dani Carvajal: “I am clear that I want to play in the Premier League before the end of my career. It is an experience I really want to have. I don't want to be left wondering what it would be like." pic.twitter.com/9vLNJyOc6s
— Premier League Panel (@PremLeaguePanel) October 8, 2018