Напаѓачот на ПСЖ и репрезентацијата на Италија, Моисе Кин овој викенд делеше храна на бездомниците во Париз.
21 годишниот Кин одлучи да помогне на бездомниците и подели голема количина на храна. Кин објави фотографии од овој негов хуман гест со цел неговиот пример да го следат и другите кои можат да помагаат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно во слични хуманитарни акции од играчите на ПСЖ учествуваа Андер Ерера и Јулијан Дракслер.
Кин во ПСЖ дојде од Евертон на позајмица, прикажува солидни настапи, но прашање е дали ќе остане затоа што „карамелите“ за откуп на неговиот договор бараат 50 милиони евра.