Напаѓачот на Наполи Виктор Осимен е прогласен за најдобар спортист во Италија,во изборот на Асоцијацијата на новинари во овааземја.
Нигериецот од Лагос после наградата се потсети на тешкото детство кога морал многу рано да стане столб на своето семејство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во куќата живееа, татко, ми, сестрата, братучедот и јас. Знаев дека немав избор, морав да помогнам на семејството. Продавав вода на улица. Таму бев забележан и одведен во тимот до 17 години. Тоа беше пресвртница во мојот живот“, изјави Осимен.
Напаѓачот рано беше забележан од европските скаути и првите сениорски чекори ги направи во 2017 година во Волфсбург. Потоа премина во Шарлоа, па Лил од каде што дојде во Наполи во 2020 година.
Сезонава Осимен е најдобар стрелец во Серија А со 19 постигнати голови на 21 натпревар.
"I went into selling waters on the street"
— Sky Sports News (@SkySportsNews) March 7, 2023
Victor Osimhen has described what his life was like growing up in Lagos 🇳🇬 pic.twitter.com/llcPP99FSu