Дома Фудбал Останато Ѕвездата на Лил потврди: Имав понуди од Њукасл и Милан

Ѕвездата на Лил потврди: Имав понуди од Њукасл и Милан

Дефанзивецот на Лил, Свен Ботман потврди дека во зимскиот преоден рок стигнале понуди од Њукасл и Милан за неговиот потпис.

Холанѓанецот одлучи да остане во Лил до крајот на сезоната, но потврди дека на лето ќе ја промени средината.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Нивните понуди беа конкретни. Њукасл е добар проект, како ПСЖ и Сити кога беа на почетокот. Меѓутоа, Милан е прекрасен клуб и таму е привилегија за секој фудбалер да игра“.

„Одлучив да останам во Лил до крајот на сезоната бидејќи се чуствувам добро и играме во ЛШ. Мислам дека на лето ќе бидам спремен да направам чекор напред во кариерата“, изјави Ботман.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека дефанзивецот има договор со Милан и на лето ќе се пресели на Сан Сиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Помина возот“: Араухо сега не чини 60 милиони туку многу повеќе

Роналд Араухо е еден од најважните фудбалери на Барселона, а добрата вест е што сега веќе …